Вечер во паркот во Капиштец концерт на сурф-рок бендот Д Планктонс, а во 20:30 часот настап ќе имаат Нокаут

Од:

За денеска се закажани две нови изведби од програмата „Култура во време на корона“.

Во 19 часот, во паркот во Капиштец, ќе одржи едночасовен концерт на сурф-рок бендот Д Планктонс, а во 20:30 часот, на истата локација, настап ќе имаат Нокаут.

Денеска онлајн ќе има свој настап и диџејот РОБОТЕК.

Нивните настапи ќе бидат стримувани на фејсбук страницата на Град Скопје и на Youtube каналот на Град Скопје.

Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04.2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.

Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на Линкот.

Со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти:

– Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и

– Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до 2 часа.

Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација, информираат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Шилегов: Скопје беше прва локална самоуправа во Европа со проект „Култура во време на корона“

Жарко Настоски

Репризи од „Култура во време на корона“ за време на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

ЈУ Универзална сала и Skopje Light Art District со видео проекција за благодарност до сите што се борат против коронавирусот

Ана Ололовска

Вечер концерти на две музички групи во рамки на Програмата „Култура во време на корона“

Ана Ололовска

Во рамки на програмата „Култура во време на корона“, вечер две нови изведби

Ана Ололовска

„Љубојна“ вечер ќе пее во Буњаковец, „Бонифејс“ во Чаир

Ана Ололовска