По повод 117 години од смртта на еден од највлијателните херои на македонската државност, Гоце Делчев, партиска делегација на СДСМ во состав Дејан Павлевски претседател на Комсија за локална самоуправа на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева, координаторка на Форумот на жени на СДСМ и Ивана Трајкова од СДММ, денеска, положи свежо цвеќе и оддаде почит на големиот визионер и национален херој на неговото вечно почивалиште во црквата Свети Спас, како и на неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје.