Милетиќ: Уништувањето на мојот автомобилот е закана за мене и за демократијата

Од:

Ноќеска настрадал автомобилот на лидерот на Српската Напредна Странка во Македонија, Драгиша Милетиќ. По полноќ непознато лице го искршил ветробранското стакло на автомобилот

Тој, како што јави Канал 5, ова го смета за закана.

„Мислам дека е закана. Но, ова е закана и за демократијата во Македонија“, изјави Милетиќ

Тој вели дека и порано имал закани, кои се засилиле за време на локалните избори. На автомобилот му пишувале со кармин да си оди во Србија.

Милетиќ беше еден од најжестоките подржувачи на опозицискиот блок. Дебатираше за сите проекти на Владата за кои велеше дека се ненародни и штетни.

Учествуваше и во Отпорот и држеше говори против,како што велеше уништувањето на демократијата.

Пред изборите, кога опозицијата немаше донесено одлука дали ќе учествува на изборите Српската Напредна Странка му даде поддршка на Стевчо Јакимовски за градоначалник на општина Карпош.

 

Би можело да ве интересира

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on

Хаос во Србија: Tепачки поради сомневање за кол центри на СНС

A1on

Илјадници чекаат во редици да потпишат поддршка за листата на Александар Вучиќ – Србија не смее да застане

Предраг Петровиќ

Тенисерот Јанко Типсаревиќ стана член на партијата на Вучиќ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ и СНС победници со освоени 63,4 отсто од гласовите: Народот кажа што сака за иднината на Србија

А1он

Вучиќ нема да се кандидира за лидер на СНС, од јуни целосно ново раководство

Ана Ололовска