„Денеска сме овде да одбележиме практично 117 годишнината од херојската смрт на македонскиот деец Гоце Делчев, човекот којшто обединуваше, човекот којшто загина за независна и суверена македонска држава, човекот кој што практично е Македонија и човекот на кого се темели современата македонска држава“, кажа Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Гоце Делчев беше човек кој што обединуваше кој што имаше визија, Гоце Делчев беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој ние ќе се сеќаваме на минатото, а врз основа на тоа минато ќе ја градиме и иднината. Ќе го продолжиме неговото дело да обединуваме, а не да разединуваме. Она кое што сакам денеска од овде како порака да го упатам е тоа дека Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава и Гоце Делчев е Македонија и Гоце Делчев не треба да биде предмет за било какви преговори и разговори“, вели Мицкоски.
„Ќе се обидам да ги игнорирам провокациите кои што доаѓаат, за жал сега и кои што се поистоветуваат во предизборието. Ние не сме како некои наши соседи, имињата на нашите дејци кои што крвареле и животот го положиле за оваа држава да ги злоупотребиме во предизборна кампања, напротив, ние се гордееме, сме горди Македонци што сме имале таков јунак во нашата историја, а врз основа на таа историја ќе ја градиме иднината. Тие коишто се закопани во минатото, нека останат таму во минатото на делби и поделби, ние сме тука да шириме енергија која што ќе обединува не само во Македонија, туку и пошироко ќе ги обединува сите балкански народи. Слава му“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.