ФОТО: Луксузна турска јахта – „Роксан“

Од:

„Роксан“ (Roxane) е преубава јахта од Турција со двоeн 610 ХП Сканиа погон. Оваа фантастична јахта, долга 46,8 метри произведена е во Тулза, во Турција, од страна на реномираниот произведувач „Су Марин“.

Трупот, што оддава силен впечаток на компактност, изработен е од четири слоја – махагони фурнир, залепен со епоксидна смола, со преубав завршен допир во вид на обвивка од Е-стакло.

S-Y Roxane main saloon

Благодарение на таквиот квалитет на изработка, „Роксан“ е исклучително лесна и поседува огромен простор на палубата – доволно голема за сончање и опуштање и на крајот има две кабини, како и дополнителен простор за сончање со полукружно наредени лежалки кој може да прими и до 50 гости.

Sailing Yacht Roxane - Twin Cabin

Ентериерот е дело на познатиот француски дизајнер Реми Тешиер, а се заснова на неупадливи нијанси со неутрални бои, црна, бела и сива кои создаваат топла атмосфера.

Sailing Yacht Roxane - Double Cabin

Пријатниот амбиент на главниот салон е надополнет со заоблен плафон во комбинација со голема количина природна светлина која продира низ масивните прозорци.

06-ROXANE_01

„Роксан“ може да прими до девет гости, а содржи и ВИП кабина со одвоен влез.

Оваа луксузна јахта може да се пофали и со својот погон – ја придвижуваат два 610 ХП Сканиа мотори кои и овозможуваат крстаречка брзина од

Roxane-02

11 чворови со максимална брзина од 13 чворови.

Sailing Charter Yacht Roxane by Taka Yachts -680

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ