Албанија сака да влијае врз преговорите

Од:

Помошникот министер за одбрана на Србија, Мирослав Јовановиќ, на собирот во Рим оцени дека Албанија со помош на НАТО, сака да влијае врз преговорите помеѓу Белград и Приштина.

-Мој личен став е дека со методологија на блокирање на заедничката работа на Србија и НАТО, сака да влијае на преговорите помеѓу Белград и Приштина -изјави Јовановиќ на собирот во организација на Атлантскиот совет на Србија, кој се одржува во Рим.

Тој наведе дека за Албанија е спорно тоа што во Стратегијата за национална безбедност стои дека едностраното прогласување на независноста на Косово претставува еден вид ризик за Србија.

-Останатите 27 членки на НАТО пактот немааат примедби на тој член, само Албанија, со која имавме билатерални разговори, за тоа прашање, има приговор кој го користи за блокирање на нашата соработка со останатите членки, истакна Јовановиќ.

Според неговите зборови во текот на разговорот со претставниците на Албанија е договорено тој проблем да се надмине, но до тоа не дошло.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски