ВМРО-ДПМНЕ: Криминал во време на здравствена и економска криза е злосторство врз сопствениот народ

Од:

„Власта исклучително лошо ја менаџира здравствената и економската криза која произлезе од епидемијата со корона вирусот. Заев и соработниците се занимаваат со внатрепартиски пресметки и матни зделки, а здравствените работници се оставени без долго најавуваната набавка на медицинска опрема и заштитни средства, кои им се неопходни за борба со епидемијата.

Затоа Македонија е рекордер по починати од корона на милион жители во целиот регион и имаме голем процент заразени здравствени работници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта на Заев е ставена во полн погон за исцицување на буџетот и предизборна корупција, додека граѓаните се борат за своето здравје и својот живот. Мислат дека ако граѓаните се во страв и под полициски час, нема да може да се разбере за сомнителните тендери или за кршењето на полицискиот час на нивните активисти, кои со грст производи спакувани во партиски брендирани пакети ќе го купуваат гласот на најзагрозените гласачи. Граѓаните ја гледаат не само нивната неспособност, туку ја гледаат и нивната криминогеност.

Наместо за народот и стопанството тие се борат сред епидемија за фотелја и за нивниот џеб. Затоа Македонија има буџетска дупка од 120 милиони евра во првите три месеци и генериран нов долг од 250 евра за секое семејство.

СДСМ и Заев знаат дека крајот на нивното владеење е многу блиску и стануваат се понервозни. Политичката одговорност ќе ја понесат и од тоа нема бегање, а потоа ќе следи и истрага за нивните сомнителни потези“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски