Русија нема да го поставува мозаикот со Путин во новата катедрала

Од:

Русија го откажа поставувањето на разнобоен мозаик, на кој е претставен и ликот на претседателот Владимир Путин, во новоизградената црква посветена на војската, соопштија денеска извори од руската црква.

Сместена во областа на воениот парк Домољуб недалеку од Москва, воената катедрала посветена на Христовото Воскресение е подигната во чест на руските водачи, чии ликови зедно со оние на христијанските светци се претставени во нејзината внатрешност.

Путин и други официјални претставници, вклучувајќи го и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, се прикажани на мозаици кои ја слават анексијата на Крим во 2014 година.

Фотографиите од мозаиците кои веќе беа објавени во медиумите се направени во работилница, така што самиот мозаик сè уште не е поставен во црквата, рече епископот на Руската православна црква Стефан од Клин, а изјавата ја цитираше руската новинска агенција „Интерфакс“.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, претходно неделава изјави дека претседателот сметал оти е прерано неговиот лик да се прикаже во место на богослужба.

Руската православна црква се согласува со ставот на Путин по однос на ова прашање.

„Во согласност со предлогот на шефот на државата, уметничкиот совет одлучи да не се поставува ваквиот мозаик“, рече Стефан од Клин.

Изградбата на црква во московското предградие е придонес во одбележувањето на Денот на победата и 75-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа.

Би можело да ве интересира

Путин: Раиси беше вистински пријател на Русија

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски