(ВИДЕО) Василевска: Бројот на починати од коронавирус во Македонија е поголем од Грција, Бугарија и Албанија заедно

Од:

„Со СДСМ на власт црните статистики се наше редовно секојдневие. Овој пат тие се фатални. Неспособноста и аматеризмот на власта во справувањето со корона вирусот не доведе до ситуација да бидеме држава со најголем број починати на 1 милион жители во регионот.

34 починати лица на 1 милион жители е доказ за некадарноста на власта. Наместо реално решавање на кризата, Филипче се обидува лошо да глуми шоумен.

Македонија е убедливо на врвот по починати од корона вирус и има повеќе умрени од Грција, Албанија и Бугарија заедно. Ова е недозволиво и е доказ дека нешто не функционира. Ова е доказ дека здравствениот систем е во колапс. Само за споредба додека ние имаме 34 починати на 1 милион жители во Грција бројот на починати е 13 лица, во Бугарија 8, во Србија 19, а во Албанија 10“, рече Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите наведени држави, освен Србија, имаат далеку послаби мерки за ограничување на движењето на луѓето, а бројката на фатални исходи е неколкукратно помала. Тоа укажува само на едно – здравствениот систем е лошо менаџиран.

Здравствениот систем е оставен сам на себе. Тоа е факт на кој неколку пати веќе укажуваме. Медицинските лица се принудени сами да си купуваат заштитна опрема, болниците немаат ниту средства за дезинфекција, буквално лекарите се снаоѓаат како знаат и умеат.

Дополнително бројот на тестирани во текот на вчерашниот ден е само 200 лица, тоа е недоволно и со тоа се крие реалната слика. За оваа состојба мора да има одговорност. Животот на луѓето нема цена“, изјави Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО