Во светот постојат различни места кои воодушевуваат со својата убавина, но има и фасцинантни градби, кои барем еднаш во животот треба да се видат во живо. Иако светот е преполн со необични и воодушевувачки архитектонски форми, помал дел од нив се истакнува со преубава архитектура, богата историја и неверојатен дизајн.
1. Таџ Махал
Преубавата градба богата со историја е сместена во индискиот град Агра, а ја изгадил царот Шах Џахан за својата трета жена, Персијанката Мумтаз Махал. Таџ Махал се смета за врвно остварување во могулската архитектура. Изграден е во комбимнација на персиски, отомански, индиски и исламски стил.
Изградбата почнала во 1632 година, а завршила 20 години подоцна. Во 1983 година Таџ Махал е ставен на листата на културно наследство на УНЕСКО.
2. Операта во Сиднеј
Сместена во центарот на Сиднеј, претставува вистинско уметничко средиште. Таа е една од најзафатените концертни дворани во светот со повеќе од 1.500 изведби и над 1,2 милиони посетители секоја година. Во 2007 година УНЕСКО ја вклучи на листата на места на светското културно наследствпо во Австралија и Океанија.
Ја осмислил Данецот Јорн Утзон, а прв пат ги отворила вратите во 1973 година. Долга е 183, а широка 120 метри, изградена во експресионистички модерен уметнички стил, со неколку претходно изработени бетонски школки, кои го формираат кровот на операта.
3. Катедралата на Свети Василиј
Катедралата се наоѓа на познатиот Црвен поштад во Москва. Изградена е по наредба на Иван Четврти (познат како Иван Грозни), како обележје на неговите освојувања по големата руска победа над Татарите меѓу 1550 и 1560 година.
За нејзиниот величенствен изглед се заслужни архитектите Барма и Постник. Катедралата се состои од осум помали цркви, собрани околу една главна. Кулата на главната градба, која има форма на шатор е опкружена со бајковити шарени куполи.
4. Колосеум
Оваа позната светска градба се наоѓа во Рим, традиционално позната како Амфитеатар на Флавијците. Името го добил по колосалната скулптура на царот Нерон, која се наоѓа пред амфитеатарот. Во Колосеумот се одржувале гладијаторски борби, кои можеле да ги следат 50 илјади гледачи.
Во 2007 година е ставен на листата нови седум светски чуда. Изградбата е почната во 72. година за време на царот Веспазијан, а довршена е десетина години подоцна, за време на владеењето не неговиот син Домицијан.