СДСМ: Наќе Отсјај Чулев го штити својот партиски шеф Мицкоски и со бесмислени теории ја лаже јавноста

Од:

„Со директна злоупотреба на функцијата министерот за внатрешни работи Наќе Отсјај Чулев го штити својот партиски шеф Христијан Мицкоски и со бесмислени теории ја лаже јавноста.

Откако цела јавност виде дека Мицкоски посетува теретана, придружуван од командантот на единицата „Тигар“ и уште еден полициски работник, Чулев манипулира со доказите и во стилот на МВРО-ВМРО сака да го заштити својот шеф“, велат од СДСМ.

„Иако истрагата се уште не е завршена, Чулев ја затвори истрагата за случајот и тоа го објави во јавноста, иако датумот кога е направена видео снимката се уште не е утврден од страна на полицијата, а тоа во случајов се наметнува како клучно за да се утврди дали Мицкоски посетувал теретана во време кога на сила се забраните против коронавирусот. Овој факт е важен за јавноста да биде правилно и точно информирана за настанот.

Дополнително, иако на снимките јасно се гледа дека полицајците носат ракавици за заштита од коронавирусот, Чулев без ни малку срам тврди дека тоа не биле ракавици туку отсјај од светлото. Ваквите лажни теории во стилот на „жолтите комбиња“ не поминуваат кај граѓаните, туку само ги потсетуваат на методите на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Ние нема да замижиме пред фактот дека истрагата за потенцијалното несовесно однесување на лица од ВМРО ДПМНЕ во време на пандемија и натаму не е завршена, се додека не се утврди вистината.

Со овој случај Чулев и ВМРО-ДПМНЕ јасно потврдуваат дека кај нив ништо не е сменето. Јасно е дека нивната единствена цел е да ги заробат институциите и да ги злоупотребуваат за нивни партиски и лични цели, на истиот начин како што тоа го правеа 11 години под менторство на Никола Груевски.

Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да го претвори МВР во партиска испостава, во МВРО-ВМРО. Конечно треба да им стане јасно и на Мицкоски и на Чулев дека секој во државата денес одговара за неодговорно и незаконско постапување и дека во Северна Македонија владее правна држава.

Заврши времето на привилегирани граѓани, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да ги почитуваат законите“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов