ЕК: Законот за вонредната состојба во Унгарија сам по себе не претставува проблем

Од:

Запрашана за вонредната состојба во Унгарија, еврокомесарката за правда, Вера Јурова, на прес-конференцијата во Брисел порача дека текстот на законот сам по себе не претставува проблем, но дека Комисијата е посебно внимателна поради унгарскиот контекст.

Законот со кој се воведува вонредната состојба во Унгарија поради кризата со коронавирусот предизвика бурни реакции во јавноста и граѓанското општество, но Европската Комисија оценила дека сам по себе законот не е проблематичен, проблем е унгарскиот “контекст“, рече Јурова.

-Вонредната состојба во Унгарија привлече поголемо внимание, но кога го прочитавме законот сам по себе не видовме потреба за отворање на прекршочна процедура за сега, следиме што прави владата, како ги користи своите дискрециони права, но неизбежно е законот да го читаме во одреден контекст, во Унгарија и пред коронавирусот бевме многу загрижени за состојбата, рече Јурова.

Еврокомесарката вети дека од блиску и на дневна база ги следи случувањата во оваа земја.

-На многумина им ветив дека ќе преземеме радикални чекори кон Унгарија, ќе вршам проактивен мониторинг, имам постојан пристап до информации и активно ја набљудувам состојбата.

Би можело да ве интересира

Орбан: Луѓето кои работат против интересите на Унгарија во Брисел треба да исчезнат од јавниот живот

Унгарија ги затвора границите и масовно коле добиток: „Можеби е биолошки напад“

Бока: Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ

ЕУ ќе воведе контрамерки на американските царини

Европа подготвува контрамерки за американските царини

Орбан: Унгарија не може да учествува во политички извалканиот Меѓународен кривичен суд