ЈСП Скопје информира дека градскиот превоз за време на првомајските празници односно на 1, 2 и 3 мај ќе функционира од 5 до 14 часот, а автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Останатиот тековен возен ред, до исклучувањето на возилата до 14 часот, може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.
Во петок и во недела од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).
Во сабота од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.
Отворени од 7.30 до 12 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.