Во инцидентот со авионот Боинг-737 на индонезиската авиокомпанија „Лајн ер“ кој наместо на пистата на меѓународниот аеродром на островот Бали слета во морето повредени се 40 лица, објавија локалните медиуми.
Сите повредени се хоспитализирани. Според индонезиската полиција во инцидентот никој не загинал.
Во авионот имало 101 патник и седум членови на екипажот.
Авионот полетал од Бандунг во Западна Јава и требало да слета на аеродромот Нгура Раи на Бали, но атерирал во море.