Претставничкиот дом во САД нема да заседава идната недела поради Ковид-19

Од:

Американските демократи, кои се со мнозинство во Претставничкиот дом, објавија дека Домот нема да ја продолжи седници следната недела, како што беше планирано, заради ризикот поврзан со пандемијата.

Лидерот на демократското мнозинство, Стенли Хојер ја објави таа ненадејна промена ден откако членовите на телото се побунија.

Тој изјави откако зборуваше со главниот лекар на Конгресот дека ризикот е премногу голем.

Приватно, тој доктор ги предупреди претставниците на Долниот дом дека ќе биде потребно најмалку една година пред Конгресот да продолжи со работата како и обично.

– Нема да заседаваме следната недела, но се надеваме дека ќе се вратиме многу брзо, рече Хојер.

Би можело да ве интересира

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина