Поголема количина вијагра, која требало да заврши на тиранскиот пазар, била запленета на аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана.
Според весникот „Шекули“ вијаграта била прошверцувана од Австрија од страна на постар албански брачен пар, кои истата ја имале во патна торба, јави дописникот на МИА од Тирана.
Двајцата биле приведени во полиција и се води истрага дали и при нивните претходни патувања шверцувале медикаменти.
Акцијата била реализирана во соработка меѓу полицијата на аеродромот и секторот за борба против недозволена трговија, по добиените информации од нивните австриски колеги.