Објавен македонски превод на книгата „Во време на епидемија“ од Паоло Џордано

Од:

„Македоника литера“ ја објави книгата на познатиот италијански писател Паоло Џордано „Во време на епидемија“, во превод од италијански јазик на Анета Симовска.

По италијанското издание, објавено пред четири недели, речиси истовремено книгата се објавува во 29 земјо од 31 издавач. Првите реакции на читателите во светот се над сите очекувања. На пример, првиот ден по објавувањето само во Јапонија беа продадени повеќе од 200.000 примероци од електронското издание преку `Амазон Јапонија`, а во Франција повеќе од 150.000 примероци, исто така првиот ден. Веднаш стигна на врвот на топ-листите на најбараните книги. Многу престижни светски дневни весници и списанија веднаш ѝ посветија големо внимание на книгата, отстапувајќи цели страници или и насловни страници. Огромен новински простор отстапија: Њујорк тајмс, Фајненшел тајмс, Сандеј тајмс, Л Монд, Ел Паис, Тајмс…

Профитот од објавувањето на оваа книга ќе се донира во добротворни цели за научни истражувања и за мерките за управување со оваа здравствена состојба.

-Не се плашам да се разболам. Тогаш од што се плашам? Од сѐ што епидемијата може да промени. Да открие дека оклопот на човештвото што го знам е кула од карти. Се плашам од поништување, но и од неговата спротивност: дека стравот ќе помине без да нѐ промени однатре, пишува Паоло Џордано во своите есеизирани и луцидни приказни од својата карантинска епизода.

Паоло Џордано (1982) е еден од најзначајните и најпродаваните италијански писатели. Доктор е по физика и е автор е на четири романи: Осаменоста на простите броеви (2008, Награда Стрега и Награда Оперска Прима Кампело), Човековото тело (2012), Црна и сребрена (2014 и 2017) и Да се проголта небото (2018 и 2019). Добитник е највисоката книжевна награда во Италија „Стрега“. Неговите романи се објавени во педесетина земји, како и во Македонија. Пишува и за театарот, соработува со „Кориере дела Сера“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска