Почнува ново судење на Хосни Мубарак

Од:

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак пристигна во судот во Каиро, каде денеска ќе почне ново судење против него, откако во јануари беше прифатена жалбата на пресудата, со која му е одредена доживотна казна затвор.

Египетската телевизија прикажа снимки на кои се гледа како Мубарак од амбулантното возило го изнесуваат на носилка и го внесуваат во Полициската академија во Каиро, каде се одржува судењето.

Поранешниот шеф на државата најпрво со хеликоптер бил пренесен од воената болница.

Во судницата на повторното судење пристигнаа и неговите синови Гамал и Али, како и поранешниот шеф на службата за безбедност Хабиб ал Адли.

Привразници на Мубарак се собраа пред зградата на судот, држејќи постери со поранешниот лидер, додека објектот го обезбедуваат зголемен број на припадници на силите за безбедност.

Мубарак минатиот јуни беше осуден на доживотен затвор, бидејќи не успеал да го спречи убиството на околу 900 демонстранти на протестите во 2011 година, со кои беше ставен крај на неговото 29-годишно владеење.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина