Луис Хамилтон од Мерцедес ја освои пол позицијата на денешните квалификации на трката од Формула 1 за Големата награда на Кина.
Тој на патеката во близина на Шангај имаше најдобро време и стигна до 27 пол позиција во кариерата, а прва со новиот тим.
Второ време постигна Кими Раиконен со Лотус, додека во вториот ред ќе бидат Фернандо Алонсо од Ферари и Нико Розберг од Мерцедес.
Добри квалификации имаа и возачите Фелипе Маса од Ферари и Роман Грожан од Мерцедес, кои се пласираа на 5-то односно 6-то место.
Лидерот во генералниот пласман Себастијан Фетел од Ред Бул се пласира на деветото место на денешните квалификации.