Антиќ пред пласман на „Фајнл фор“

Од:

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ се наоѓа на чекор до завршниот „Фајнл фор“ турнир во Евролигата, откако синоќа со неговиот Олимпијакос го победија Анадолу Ефес и поведоа со 2:0 во серијата прв до три победи.

Антиќ за 23 минути поминати на паркетот постигна 11 поени и оствари седум скокови.

И на другите две вчерашни средби победите им припаднаа на домашните кошаркари со што поведоа со 2:0.

Постигнати резултати: Олимпијакос – Анадолу Ефес 71:53, ЦСКА Москва – Каха Лаборал 90:68 и Реал Мадрид – Макаби 75:63.

Во четвртокот Барселона – Панатинаикос 65:66. На оваа четвртфинална пресметка резултатот е 1:1 во победи.

Натпреварите број 3 ќе се одиграат на 16 и 17 април на терените на екипите кои гостуваа во првите два дуела.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ