САД го предупреди Ким Џонг Ун да не се игра

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери, му порача на Пјонгјанг да не се игра со провокации и дека САД ќе застанат во одбрана на Јужна Кореја и сојузниците доколку дојде до напад.

Предупредувањето е последица на преместувањето на северно корејските проектили кон исток .

– ОН треба да одлучат што ќе прават. Тоа нема да го смени нашиот став. Ние ќе ги браниме нашите сојузници, ќе застанеме зад Јужна Кореја и Јапонија и секако ќе се браниме себе си. Тој мора да биде свесен за последиците од овој судир – изјави Кери, и додаде дека САД се подготвени и за продолжување на разговорот.

Кери нагласи дека услов е Пјонгјанг да престане со нуклеарната програма и да започне да се однесува во рамките на меѓународните обврски.

Американскиот државен секретар ќе ја посети Кина, од која ќе побара да влијае на смирување на режимот на Пјонгјанг, а потоа ќе ја посети Јапонија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија