Португалија воведува нови мерки за штедење

Од:

Португалската влада наредната недела ќе ги претстави новите мерки за штедење, во вредност од 1,2 милијарди евра, во рамките да го одблокира пристапот до меѓународната програма за помош.

Според Уставниот суд на Португалија дел од мерките се незаконски, меѓу кои и зголемувањето на данокот, како и намалувањето на буџетот за 1,3 милијарди евра.

Странските кредитори, кои и позајмија на Португалија 78 милијарди евра во 2011 година, го замрзнаа пуштањето на наредната рата помош од две милијарди евра и истиот ќе биде на сила се додека Лисабон не излезе со алтернативни мерки.

На Португалија тие пари и се потребни за исплата на платите и пензијата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија