Земјотрес со интензитет од 5,4 степени е регистриран во реонот на Токио.
Потресот ги разлулал облакодерите во јапонската престолнина утрово. Нема податоци за жртви и материјални штети и засега не е објавена опасност од цунами.
Епицентарот на земјотресот бил во јужниот дел на Токискиот залив, на длабочина од сто километри под океанското дно.
Потресот предизвикал запирање на движењето на брзите возови и на електричната енергија по неколку линии.
Нема промена во работата на аеродромите во Токио.