Избрани финалистите за поетскиот фестивал „Литературни искри 2020“

Од:

Организаторите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2020“ во Гостивар ги објавија имињата на поетите кои влегоа во финалето и ќе конкурираат за фестивалските награди.

По конкурсот за годинашното седмо по ред, издание на манифестацијата, во конкуренција влегоа 146 автори во категориијата над 18 години и 29 автори во возрасната категорија до 18 години.

– Годинава пристигнатите песни на конкурсот ги оценуваше жири комисија во состав: претседател, Бранко Цветковски (поет, литературен критичар, есеист, преведувач, публицист, издавач) и членовите: Весна Ацевска (поетеса, раскажувач, преведувач) и Габриела Петроска (професорка по македонски јазик, лектор), наведуваат од организацискиот одбор на фестивалот.

Финалисти на „Литературни искри 2020“ се Надица Тренчева (Кавадарци), Милчо Мисоски (Струга), Славица Урумова Марковска (Скопје), Емељ Туна (Скопје), Антим Атанасоски (Битола), Наталија Георгиева Иванова (Бугарија), Ведрана Петрова (Скопје), Иван Клариќ (Хрватска), Миле Лисица (Република Српска), Аида Ораховац (Црна Гора), Каја Панчиќ Миленковиќ (Србија) и Дилјан Димитров (Бугарија).

Овие финалисти конкурираат за наградите: Гран при, Прва, Втора и Трета награда, Награда за најдобар странски автор и Најуспешна млада поетска искра.

Наградите се плакети и комплети со книги.

Претседателот на жири комисијата Бранко Цветковски за избраните финалисти вели:

– Во песните од категоријата над 18 години, се среќаваат остварувања со стилска и јазична уверливост, со инвентини пристапи во ритмичката и семантичката димензија при градбата на поетското писмо, со еридираност достојна за почит, оценува Цветковски.

Жирито наведува дека во оваа категорија има песни во кои е видлива разновидноста како во поглед на темите, мотивите и стилските белези на авторите, така и во однос на квалитетот на доставените творби.

Оценката на Весна Ацевска за творбите во категоријата до 18 години, напоменува дека се тоа песни со јасни пораки и повик за поддршка на хуманите вредности и за промена на погрешните приоритети.

– Има и личноисповедни песни со љубовни чувства или со елегичен тон заради неостварена љубов и разочараност, песни во кои се опеваат мајката, татковината, родниот крај или значајни личности од историјата. Песните се движат во рамките на почетнички поетски обиди, кои се потпираат на дидактичност или користат наративен пристап кон мотивите и темата, потенцира Ацевска.

Годинешното издание на фестивалот ќе се одржи „он лајн“ заради мерките кои се спроведуваат во земјава во насока на спречување на пандемијата.

Организаторите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ напоменуваат дека поетското читање и соопштување на наградените ќе се одвива на 24 мај (недела) на фејсбук страницата на фестивалот.

Деновиве се очекува да бидат објавени и имињата на авторите од двете категории кои според оценувањето на жирито ќе бидат застапени во заедничката поетска збирка„ ЛИТЕРАТУРНИ ИСКРИ 2020”

Поетскиот фестивал се одржува во чест на Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот