(ВИДЕО) Шахпаска: Иницијативата за свикување на Собранието е со цел потврда на одлуките на Претседателот на државата

Од:

„Ние како пратеници уредно и согласно Уставот, согласно деловникот на Собранието и изборниот законик , ја поднесовме иницијативата за свикување седница на Собранието. Сега претседателот на Собранието е на потег истата седница да ја закаже“, одговори пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска, на новинарско прашање.

„Имено ставот на пратениците којшто се потпишани на иницијативата што вчера беше уредно поднесена во собраниската архива е дека Собранието треба да се стави во функција.

Потребата за свикување на Собранието произлегува од времетраењето на здравствената криза, а истовремено и за потврдување на одлуките од страна на Претседателот на државата за прогласување на вонредна состојба“, кажа Шахпаска.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски