Сарачини: Позитивните движења во економијата би требало да се рефлектираат во првиот квартал од 2013

Од:

Намалувањето на нарачките на компаниите од државите членки на ЕУ и намалувањето на цената на металите на светските пазари се два клучни фактори кои може да имаат негативно влијание врз движењето на економијата во 2013 година, смета министерот за економија Ваљон Сарачини.

Според министерот Сарачини оптимизам сепак влева стагнирањето на цената на нафтата и нафтените деривати, како и намалувањето на цените на пченицата.

Тој истакна дека позитивните движења кои ја зафатија економијата на Република Македонија во второто полугодие во 2012 година би требало, подвлече, да се рефлектираат во првиот квартал од 2013–та.

– Во оваа насока дополнително може да се додаде и зголемувањето на индустриското производство во февруари годинава што се случи после подолго време. Ова ни дава за право да размислиме во насока дека економијата оваа година ќе се движи во успешна насока и ние како Влада ќе успееме да ја задржиме макроекономска стабилност и да го одржиме планираното односно да оставриме пораст на БДП за 2 проценти, изјави министерот Сарачини, кој денеска заедно со директорот на Државаната техничка инспекција Екрем Буњаку го посети локалитетот „Краста“, каде се врши експлоатација на минерална суровина, варовник.

Министерот за економија посочувајќи оти се ориентирале кон поконзервативно водење на макроекономската политика, изрази надеж дека ќе донесе позитивни резултати.

– Сепак оваа година очекуваме ризици, закани од надворешни влијанија, економијата на нашата земја е мала, но целосно отворена за европскиот пазар и тука не можеме да влијаеме многу и треба да видат како се движат економските текови во Европа, рече министерот за економија Ваљон Сарачини.

Би можело да ве интересира

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Влада: 84.000 државни административци ќе добијат по 11.000 денари К15

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада