Спасовски негативен на коронавирусот, но сепак останува во изолација

Од:

Техничкиот премиер Оливер Спасовски соопшти дека резултатот од тестот што го добил вечерва е негативен и дека не е носител на коронавирусот.

„Согласно препораките на епидемиолозите, останувам и натаму во изолација во домашни услови. Се придржувам до препораките и советите на лекарите, најдисциплинирано“, напиша Спасовски на Фејсбук.

Тој вели дека во деновите на самоизолација, од дома ги извршува сите активности поврзани со водењето на Владата во услови на вонредна состојба.

„Пикот на заразата е се уште тука, но ефектите од почитувањето на мерките се видливи за сите“, истакна Спасовски.

Ви благодарам за поддршката!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он