(ВИДЕО) Кузеска: За ВМРО-ДПМНЕ, Собранието и демократијата се најголем проблем

Од:

„Иницијативата на претаниците за свикување на седница во Собранието на Република Северна Македонија е демократски порив.

Да се потврдат одлуките на Претседателот на државата и да биде во функција и контрола на извршната власт. Така е тоа во секоја демократија.

СДСМ покажува демократски капацитет и во време на криза, нема проблем Владата да биде контролирана од Парламентот“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Собранието е домот на демократијата, каде избраниците на народот го имаат последниот збор.

Но, тоа не е случај со ВМРО-ДПМНЕ.

Со одбивањето на оваа иницијатива, опозициската партија покажа дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ.

Единствена партија за која Собранието е најголем проблем. Единствена опозициска партија која не сака да се свика собранието.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, останува заглавена во својата антидемократска фаза во која Собранието останува нивен непријател.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е против силен и независен законодавен дом, против претставниците на граѓаните.

Навикнати од времето на режимот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да имаат контрола над се, на секој институција во државата.

Ова е уште еден доказ за деструктивното и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски