Стаменковска Стојковски: Директорот на ЈСП не ги ослободува од работа хроничните болни и родителите на деца до 10 години

Од:

„Мојата објава за непочитување на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години или имаат хронично заболување и примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, а во врска со годишниот одмор потекнува од реални институции кои продолжуваат да работат спротивно на Заклучокот на Владата од 25-тата седница од 21 март 2020 година, и на „Службен весник на РМ“, бр. 90/20 од 4.4.2020 година во кој е објавена Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба о заради тоа од денес јавно ќе ги објавувам сите оние за кои ми пристигаат известувања и жалби“, вели Невенка Стаменковска Стојковски, дополнителен заменик на министерот за информатичко општество и адмнистрација.

„Јавно Сообраќајно Претпријатие Скопје – Скопје и Директорот Кристијан Чушков се пример за непочитување согласно пријавите кои ги добивам и истите ќе ги доставам до Државен инспекторат за труд за да изврши вонреден надзор а со цел заштита на правата на работниците за време на вонредна состојба“, додава Стаменковска Стојковски.

Во продолжение вчерашната реакција на Невенка Стаменковска Стојковски, дополнителен заменик на министерот за информатичко општество и адмнистрација.

„Единствената Влада во светот која на секој можен начин се обидува да им наштети на вработените во администрацијата и генерално на сите работници е Владата на СДС. Поточно, оваа Влада не може да спроведе сопствен заклучок, функционерите кои ги има избрано Владата на СДС не ја почитуваат мерката за: ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години и примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, а во врска со годишниот одмор.

Имено, повеќе вработени во јавниот сектор и работници од приватниот сектор ме информираа и пожалија дека од страна на овластени лица од институциите во кои се вработени биле известени дека мора да се појават на работа без разлика што се ослободени од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години или имаат хронично заболување. Во приватниот сектор има иста појава со потешки последици за вработените односно, по истиот основ ослободените од работа им се исплаќаат симболични износи во вид на плата. Слична е состојбата и со годишните одмори.

Поради ваквата состојба чувствувам обврска да апелирам и потсетам на:

Заклучокот на Владата од 25-тата седница од 21 март 2020 година, и на „Службен весник на РМ“, бр. 90/20 од 4.4.2020 година во кој е објавена Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба.

Сите вработени во јавниот сектор и работниците од приватниот сектор ги охрабрувам да ги пријавуваат сите притисоци и непочитување на правата од работен однос од страна на нивните работодавци. Ја имате мојата поддршка.

Заедно ќе се избориме и ќе ја надминеме оваа состојба. Законите и правото мора да се почитуваат и одговорност ќе има“.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски