Царината одбележа 21 година постоење

Од:

Царинската управа по 21 година прерасна во институција за гордост која ги заштитува економските и финансиските интереси на државата, граѓаните и бизнисот, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Пред денешното одбележување 21 година од постоењето на Царинската управа, Ставрески оцени дека институцијата е на многу високо, европско ниво и можеме да бидеме задоволни од нејзините услуги.

– Царината изминатите години вложи многу напори за подобрување на квалитетот на работењето преку модернизација, спроведување обуки, примена на најсовремени електронски методи за поднесување документи, истакна Ставрески.

Според директорот на Управата Ванчо Каргов, Царината и во 2012 година продолжи со спроведувањето на реформите и обврските, заштита на фискалните интереси на државата, заштита на здравјето и безбедноста на луѓето, обезбедување конкурентен економски амбиент и исполнување на условите за влез во ЕУ.

– Во 2012. Царинската управа спроведе поголем број реформи како во однос на управувањето со човечките ресурси, организацијата и логистиката, така и во унапредување на системите за контрола и примената на законите што резултираше со голем број ефикасни акции за заплени од различен вид. Целосно ги исполни своите цели, но тоа е обврска повеќе да продолжи со ист интензитет и во 2013, напомена Каргов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он