Спасовски: Двајца или тројца повратници со чартер летови кои беа во изолација, се позитивни на коронавирусот

Од:

Двајца или тројца граѓани кои се вратиле од странство во државата со чартер летови кои ги организираше Министерството за надворешни работи, пројавиле симптоми, а по тестирањето биле позитивни на коронавирусот соопшти премиерот Оливер Спасовски. До средината на месецот, во државата се вратени повеќе од 3000 македонски државјани. Дел од нив, сеуште се во државен карантин кој е задолжителен за сите повратници.

„Имаше два повика за пријавување на граѓаните, оние кои беа заинтересирани да се вратат назад во државата. Во најдобар ред поминаа сите тие ангажмани кои ги спроведе МНР. Ги вративме луѓето назад во државата. Имавме 14-дневна изолација во државен карантин, многу мал број на случаи, два или три, пројавија симптоми и беа позитивни на коронавирусот. Нема нови најави за организација на чартер летови“, рече Спасовски.

Премиерот кажа дека доколку се појават граѓани кои имаат потреба од враќање назад во државата, Владата ќе го организира тоа како и досега со чартер летовите.

„Голем број од нашите граѓани се во дијаспората и нашиот апел беше да останат таму за да дополнително не се загрозува нивното здравје, како и здравјето на останатите граѓани. Доколку се појават поединечни случаи кои имаат потреба за враќање назад во својата држава, тоа го правиме на дневна основа преку Владата“, додаде Спасовски.

Би можело да ве интересира

Спасовски до Гаши: Мислам дека конечно по шест месеци треба да разберете дека сте избрани за претседател на Собранието

ДУИ „игра“ за ВМРО-ДПМНЕ, нема да им ги гласаме интерпелациите рече Спасовски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Власта штанца закони по итна постапка

Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

(ВИДЕО) Спасовски: Владата во случај на криза ќе нема пари за помош на граѓаните