Нема масовно распоредување на кинески трупи на границата со Северна Кореја

Од:

Нема масовно распоредување на кинески воени сили долж границата со Северна Кореја, јави денеска кинеската државна агенција Ксинхуа, по растот на тензиите на Корејскиот Полуостров.

– Извештаите за масовно распоредување на воени сили не се точни, изјави претставник на кинеското Министерство за одбрана, кој ги демантираше странските вести за префрлување на кинеските воени единици долж границата со Северна Кореја.

– Кина мошне внимателно го следи развојот на моменталната ситуација на Корејскиот Полуостров и секогаш била приврзана кон зачувувањето на мирот и стабилноста во североисточна Азија, додаде кинескиот претставник.

Пјонгјанг во вторникот предупреди дека странските организии, компании и туристи во Јужна Кореја треба да ја разгледаат можноста за заминување од таа земја, бидејќи ситуацијата на Корејскиот Полуостров се приближува кон „термонуклеарна војна“.

Кина изминатите недели постојано повикуваше на мир и дијалог за Корејскиот Полуостров, изјаснувајќи се против евентуалната конфронтација.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања