Книжевниот бум „Во време на епидемија“ и во земјава

Од:

Штотуку објавената и планетарно популарната книга на познатиот италијански писател Паоло Џордано, „Во време на епидемија“, по италијанското издание објавено пред три недели, пред неколку дена излезе во 16 земји, а за неколку дена ќе се појави и во Македонија, во издание на „Македоника литера“.

– Дури 31 издавач во 29 земји речиси истовремено ја објавуваат оваа книга. Резултатите се неверојатни: повеќе од 200.000 продадени е-примероци за помалку од дваесет и четири часа по објавувањето во Јапонија и повеќе од 150.000 во Франција за исто време. Веднаш стигна на врвот на топ-листите на најбараните книги. Многу престижни светски дневни весници и списанија веднаш ѝ посветија големо внимание на книгата, отстапувајќи цели страници или и насловни страници. Огромен новински простор отстапија: Њујорк тајмс, Фајненшл тајмс, Сандеј тајмс, Монд, Ел Паис, Тајмс, Ара, ДН.Култур, соопштија од Македоника Литера.

Профитот од објавувањето на оваа книга ќе се донира во добротворни цели за научни истражувања и за мерките за управување со оваа здравствена состојба.

Паоло Џордано е еден од најзначајните и најпродаваните италијански писатели. Доктор е по физика и е автор е на четири романи. Добитник е највисоката книжевна награда во Италија „Стрега“. Неговите романи се објавени во педесетина земји.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска