Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел изјави дека ни Иран, ниту Северна Кореја не се способни да го нападнат САД со нуклеарни ракети.
Хејгел одговарајќи на прашањето во Одборот за воена служба на Претставничкиот дом на Конгресот наведе дека не верува дека Северна Кореја и Иран имаат ракети на долг домет, со оружје за масовно уништување, кое може да стигне до САД.
Северна Кореја призна дека работи на производство на нуклеарни ракети и се закани дека ќе ги употреби.
Американската антиракетна одбрана е стационирана на Пацификот, поради евентуален напад во наредните денови.
Министерот за одбрана на Јужна Кореја Ким Кван Јин минатата година на пратениците во јужнокорејскиот парламент им рече дека Пјонгјанг ги премести ракетите со среден домет, на своето источно крајбрежје.
Се претпоставува дека се работи за рекетите „мусудан“ кои имаат домет помеѓу 3000 и 4000 километри.
Елена Георгиевска