Необичниот пристап на Шведска против новиот коронавирус почнува да дава резултати, изјави шведскиот главен епидемиолог Андерс Тегнел.
Тој наведе дека според најновите податови стапката на заразени и на смртност укажуваат дека почнува да се стабилизира ситуацијата.
Шведска не ги затвори училиштата, вежбалниците, кафулињата, баровите и рестораните за време на ширењеерто на епидемијата. Наместо тоа Владата апелираше до граѓаните да се однесуваат одговорно и да ги следат упатствата за физичко дистанцирање.
Шведските здраствени власти оценуваат дека имаат повеќе имуни лица и оти тоа има влијание врз ширење на вирусот, со што би се стекнал колективен имунитет до јуни.
Во Шведска досега се пријавени 14.385 инфицирани со Ковид-19, од кои 1.540 смртни случаи и 550 оздравени луѓе.
Тоа е многу повеќе од другите скандинавски држави, но многу помалку од Италија, Шпанија и Велика Британија.