А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Над 30 милиони евра субвенции се префрлени на сметките на 19.050 тутунопроизводители

by А1он20/04/2020 - 09:2920/04/2020 - 09:30316
Share0

Владата предводена од СДСМ на сметките на 19.050 тутунопроизводители исплати над 30 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун за 2019-та година, соопштуваат од партијата.

Добивај вести на вибер

„Тутунот е наша стратешка извозно ориентирана гранка и во изминатите две и пол години бележи стабилно и одржливо производство. Тоа се должи на политиките на СДСМ за оваа гранка, пред сѐ на новиот модел за повисоки субвенции за тутунот, според кој за прва класа субвенцијата е 80 денари за килограм, за втора 70 ден и за трета и дополнителните класи 60 ден за килограм.
Поради вонредната состојба предизвикана од коронавирусот и придонесот кон заштита на јавното здравје, подигнување на субвенциите за тутунот ќе се одвива во четири последователни денови започнувајќи од 21 април, вторник, заклучно со 24 април, петок, за да не се создадат дополнителни гужви во сите филијали на банките низ Република Северна Македонија. За секој од овие четири денови е направен распоред на исплата според азбучен ред на презимињата на физичките лица тутунопроизводители и на правните лица.“, се вели во соопштението.

Оние тутунари кои сакаат да подигнат готовина од банкомат, ќе можат да го сторат тоа и во понеделник на 20-ти април од 16 до 23 часот и од вторник до петок до 18 часот и покрај полицискиот час, за што Министерството за внатрешни работи ќе има список според азбучниот ред.

„За да се намали ризикот и гужвата, банките во градовите каде се најголем број од корисниците на субвенции за тутунот, ќе работат со продолжено време. Со самото тоа што средствата се исплатени на сметките, тие постојано ќе им бидат на располагање на корисниците и за заштита на јавното здравје апелираме за плаќање да се користат картички, како многу побезбедно, во однос на користењето на готовина. Во овие тешки времиња, поради глобалната пандемија презедовме низа мерки, за ублажување на последиците од пандемијата врз земјоделството и руралниот развој, кои ќе им помогнат на земјоделците да имаат рентабилно производство и пласман.“, соопштува СДСМ.

tutunari

Би можело да ве интересира

СДСМ: Трипуновски безобразно лаже, треба да се извини или следува тужба за клевета

Катерина Ѓуровски24/12/2020 - 14:38

(ВИДЕО) Трипуновски: Заеви се влезени во бизнисот со тутун и им одговара ниската откупна цена

Катерина Ѓуровски24/12/2020 - 11:19

Откупот на тутунот продолжи, производителите повторно се жалат на нереална проценка

Катерина Ѓуровски14/12/2020 - 10:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен