Пипан: Дербито ќе биде празник на кошарката

Од:

Целокупната кошаркарска јавност со нетрпение го очекува големото дерби во сабота меѓу Работнички и МЗТ Скопје во салата „Градски парк“.

Очекувам дербито да претставува празник на кошарката, дуел на две квалитетни екипи што ќе дадат се од себе да победат. Оваа средба не е клучна за натамошниот дел од сезоната, нема да постои дополнителен притисок, па кошаркарите на двата тима ќе бидат во можност да го дадат максимумот, да играат најдобро што знаат во обид да стигнат до нов голем триумф – изјави стратегот на МЗТ Скопје, Алеш Пипан.

„Металците“ забележаа максимални три победи на стартот од суперлигашката сезона, но Пипан не е најзадоволен од играта на својот тим против Лирија.

Оние поискусните одлично си ја завршија работата во третата четвртина и создадоа добра предност. Сепак, не можам да бидам задоволен од изданието на оние што вообичаено се резерви, добија шанса да ги покажат своите квалитети, но му дозволија на противникот да ја преполови предноста што ја создадовме. Резултатот и победата се единственото нешто што радува, играта дефинитивно може да биде уште подобра – порача Пипан.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ