Во вооружени напади во северозападниот дел на Нигерија загинале 47 лица, соопшти началникот на полицијата во градот Кацина, Гамбо Исах, додавајќи дека вооружени лица извршиле напади во градовите Дутсинма, Данмус и Сафана, јави агенцијата Анадолија.
Тој додаде дека нападите се изведени најверојатно заради одмазда, а во нив се повредени и голем број лица, кои се пренесени во болница.
Шефот на полицијата соопшти дека добро вооружени полициски сили почнале копнена и воздушна операција во областа против напаѓачите.
Инаку, во овој дел од земјата, често пати заради пасишта, доаѓа до конфликти меѓу локалните селани и овчарите кои доаѓаат од други делови на Нигерија, особено меѓу овчарите од заедница Фулани и племињата кои живеат од земјоделие.
Членовите на заедницата Фулани тврдат дека земјоделците се обидуваат да го украда нивниот добиток и често пати и ги напаѓаат.