Кралев најави образовни инвестиции во Штип

Од:

Министерот за образование и наука Панче Кралев денеска во Штип најави реконструкција на училиштето во населбата Македонка, за која тендерот ќе биде отворен на 17 април, а се очекува да трае преку летото и да заврши до почетокот на новата учебна година.

Тој денеска ги посети основните училишта во населбите Македонка и Три Чешми, заедно со градоначалникот на Штип Илчо Захариев, кој истакна дека меѓу образовните приоритети во градот е и изградба на спортски сали во основните училишта во населбите Баби и Три Чешми.

– Имавме и други приоритети, како што е решавањето со училиштето во населбата Ново Село и изградба на мала спортска сала за децата во оваа населба. На оваа средба разговаравме и за сместувањето, односно за нов објект за Факултетот за ликовна уметност, рече Захариев.

Кралев имаше средба и со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Саша Митрев, на која биле разгледани и приоритетни инвестиции на таа високообразовна институција.

Митрев соопшти дека во план е реконструкција на текстилното училиште, каде што ќе биде сместен Медицинскиот факултет на Штипскиот универзитет. –

Универзитетот распиша тендер и сметаме дека до крајот на годината овој објект ќе биде комплетно реновиран, рече Митрев.

На новинарски прашања министерот Кралев одгвоори дека МОН се подготвува за екстерното оценување во мај и дека во текот на неделава се одвива пилот-екстерно оценување во некои училишта во Македонија.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование