Непријателството на Маргарет Тачер кон обединетата Европа е причина за сегашната тензија помеѓу Лондон и ЕУ, изјави поранешниот германски канцелар Хелмут Кол.
Кол побара почитување за поранешната премиерка на Велика Британија, која почина во понеделник на 87 години, но оцени дека нејзината тврдоглавост во 80-тите години го блокираш напредокот во иградбата на политичката унија во Европа.
-Вистина е дека Тачер беше тешка, исто како и нашите односи – изјави Кол и додаде дека тој и некогашната британска премиерка никогаш не успеале да воспостават пријателски однос.
-Таа навистина ја сакаше Европа, но поинаква од онаа која што ја сакаа голем број нејзини колеги и јас – изјави тој.
Елена Георгиевска