Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение“ во Илинден

Од:

Манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение“, којашто Општина Илинден ја негува веќе 14-та година во континуитет, поради вонредната состојба на пандемијата со коронавирусот, годинава ќе добие сосема нов лик.

Од Општина Илинден информираат дека ова манифестација ги обединува културата, уметноста и традицијата.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски во соработка со книгоиздателската куќа „Матица Македонска“, на Општинската библиотека „Илинден“ и подарија 1000 книги од познати реномирани домашни и светски писатели и лектирни изданија.

– Со манифестацијата што традиционално се одржува секоја година на Велики четврток, во пресрет на големиот христијански празник Велигден, во изминатите 13 години секој посетител на манифестацијата во Домот на култура „Илинден“ што ќе даруваше книга за возврат добиваше црвено Велигденско јајце. Досега се обезбедени триесет и шест илјади книги (36000 книги) благодарејќи на оваа благородна манифестација наменети за Општинската библиотека „Илинден“, библиотеката во Домот на култура „Марино“ и училишните библиотеки во општинските основни училишта: „Гоце Делчев“ – Илинден, „Ристо Крле“ – Кадино и „Браќа Миладиновци“ – Миладиновци, се вели во соопштението.

Манифестациите „Подарете книга за Велигденско јајце-симбол на Христовото Воскресение“, како и Литературната манифестација „Илинден“, по кои Општина Илинден стана препознатлива во земјата и пошироко во регионот, имаат за цел пишаниот збор да го доближат до што поголем број граѓани, како и да ги интензивираат и промовираат современите културни достигнувања, тие и во иднина ќе бидат во врвот на приоритетите на локалната самоуправа во областа на културата.

– Големи се придобивките од Манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце-симбол на Христовото Воскресение“, најнапред, благодарејќи на оваа манифестација учениците од ООУ „Ристо Крле“ добија сопствена библиотека со значителен фонд на книги, посебно лектирни изданија, се овозможи отворање на нови работни места за библиотекари, имаме збогатување на библиотечниот фонд во библиотеките во основните училишта „Гоце Делчев“ и „Браќа Миладиновци“, а како резултат на повеќегодишната континуирана реализација на оваа манифестација беше отворена и првата Општинска библиотека „Илинден“, а потоа и втората, библиотеката во Домот на културата во Марино, посочуваат од општината.

Учениците од основните училишта, како и од Средното општинско стручно училиште „Илинден“, на располагање имаат библиотеки богати со книги од сите жанрови, како и пристап до неопходните лектирни изданија и тоа по повеќе примероци од секој наслов, што овозможува повеќемина ученици во ист период да можат ја имаат потребната лектира.

Оттаму посочуваат дека ова манифестацијатаси ја остварува својата цел и ја доближи книгата до сите генерации. – Но, она што особено радува е тоа што пишаниот збор го доближи до најмладите, до оние кои со секоја новопрочитана книга стануваат побогати за ново искуство, побогати со нови сознанија и се разбира помудри и поподготвени за животот пред нив. Веќе имаме и повеќемина ученици од основните училишта кои издадоа и промовираа сопствени книги, велат од Општина Илинден.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска