Три години по авионската несреќа на полскиот претседателски авион во близина на Смоленск претседателот на комисијата за истрага во варшавскиот Сејм, Антони Мечеревич изјави дека тројца патници ја преживеале несреќата, објави рускиот електронски весник „Взглјад“.
Мечеревич вети дека информациите за тројцата преживеани ќе ги испрати до полското Обвинителство. Тој наведува дека преживеаните подоцна починале бидејќи не добиле медицинска помош.
Тој наведе дека ја криел иформацијата три години за истата внимателно да биде проверена.
Полскиот Ту-154 се урна во близина на рускиот град на 10 април 2010 година при слетување при што загинаа претседателот Лех Качински и уште 95 политичари и воени лица кои патуваа на церемонија во Катин, каде сталинистичката тајна милиција во 1940 гоидина уби илјадници заробени полски официри.