Гостите во хотелите најмногу се нервираат на пијани луѓе и на врева

Од:

Осигурителната компанија „Direct Line“ спроведе истражување за да открие што е тоа што гостите во хотелите најмногу ги нервира во токот на нивниот престој во нив.

Резултатите од анкетата покажаа дека на врвот на листата работи што гостите во хотелот ги доводува до лудило се наоѓаат пијаните гости кои прават неред и вревата што ја прават градежните работи во близина на хотелот.

Гостите, исто така, имаат малку разбирање за лошиот квалитет на храната и постојаното нудење тура со водич во хотелот.

Голем број од 2.000 испитани лица не гледаат благонаклонето ниту на гостите кои рано наутро ги оставаат пешкирите на лежалките за да си резервираат место покрај базенот.

Тоа што на мнозинството може да им го расипе пријатниот престој е и преголемиот број перници расфрлани низ собата, персоналот кој влегува да ја исчисти собата дури и кога не е назначено дека чистењето е потребно, како и збунувачките славини во бањите.

На листата уште се наоѓаат неадекватниот бежичен интернет по високи цени, неможноста од подобро и пофлексибилно организирање на пријавувањето и одјавувањето од хотелот, како и гласната вентилација.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ