Собранието ќе ја одржи 45. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 45. седница на која треба да расправа за Предлогот на закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства, поднесен од пратеници од парламентарното мнозинство.

Пратениците ќе дебатираат и за предлогот на закон за измени на Законот за судовите во второ читање, како и за информацијата за интензивирање на процесот на иселување од Македонија поднесена од опозицијата.

По завршувањето на оваа седница Собранието ќе ја продолжи 47. седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на изборниот законик, Предлог законот за дополнување на Кривичниот законики Предслог законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во општествена и државна сопственост. Сите три закона се поднесени од страна на опозицијата.

Според агендата планирано е да се одржи и 52. седница на која би се расправало за Предлог законот за правосуден испит по скратена постапка, поднесен од група пратеници од парламентарното мнозинство.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги