Прашалник на стопанските комори: Како да се добие економската битка со коронавирусот?

Од:

Со цел утврдување на состојбите во приватниот сектор предизвикани од кризата со коронавирусот и можните мерки за излез од економскиот застој, Стопанските комори изработија анкетен прашалник за претставниците на бизнис секторот.

Целта на прашалникот, како што наведуваат од проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ преку кој ќе се спроведе истражувањето, е да се добијат точни одговори од страна на компаниите, по што ќе се изготви соодветна анализа за последиците од економската криза, положбата во која се наоѓаат економските субјекти, нивната ликвидност, профитабилност, одржливост, состојбата со работната сила и фискалните давачки.

Во соопштението наведуваат дека стопанските комори ќе изработат соодветна студија по сектори и ќе излезат со позициони документи кои директно ќе ги достават до надлежните органи кои ќе ги опфатат ефектите од донесените мерки досега, но и можните долгорочните решенија за нормализирање на економијата и враќање на стапките на раст.

-Истражувањето опфаќа анализа на бизнис секторите кои во најголема мера се засегнати од КОВИД-19 кризата како што се: туризам и угостителство, земјоделство, градежништво, текстилна, кожарска, преработувачка, автомобилска и метална индустрија.Сите наоди ќе бидат доставени и презентирани преку Платформата за јавно-приватен дијалог, каде што стопанските комори редовно ги дискутираат со Владата предизвиците на бизнис заедницата и предложуваат решенија за надминување на истите, истакна Тамара Тодоровска од Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Тодоровска додава дека резултатите добиени директно од самите компании ќе бидат дел од опсежни студии за состојбите во економијата. Со оглед на тоа што неизвесноста уште трае, при изготвување на анализите ќе се земат во предвид краткорочни и долгорочни сценарија за ефектите од кризата.

-Од клучно значење е да се креираат соодветни мерки и соодветно да се реагира на настанатата ситуација, за што ќе биде потребен отворен и конструктивен дијалог со сите засегнати страни. Стопанските комори веќе се во контакт со домашни и меѓународни организации и институции за соодветно димензионирање на потребните мерки кои е неопходно да се преземат и реализираат во кризниот период, истакна Тодоровска.

Истражувањето ќе биде поддржано од Светска банка и други домашни институции.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница