Тарчуловски пристигнува во Македонија

Од:

Јохан Тарчуловски, кој од страна на Трибуналот за воени злосторства во Хаг беше осуден на 12 години затвор за случувањата во скопското село Љуботен, денеска се враќа во Македонија.

Тој вчера беше ослободен од германскиот затвор во Диц откако издржа две третини од затворската казна.

За неговиот пречек во Скопје, Здружението на граѓани за поддршка на Јохан обезбеди 50 автобуси кои бесплатно ќе сообраќаат до скопскиот аеродром „Александар Велики“ и потоа до плоштадот „Македонија“. Покрај ова, обезбедени се и 200 автобуси за оние граѓани од внатрешноста на државата кои ќе сакаат да го пречекаат Тарчуловски.

Планирано е Тарчуловски да оствари средба со премиерот Никола Груевски и да положи цвеќе пред Споменикот на бранителите кој се наоѓа во близина на Порта Македонија.

За пречекот на Јохан ќе биде организирана и прослава на плоштадот „Македонија“ на која ќе настапат познати пејачи од македонската забавна и фолк естрада.

Вчера, по излегувањето од затворот во Германија, Јохан беше пречекан од неговата сопруга Соња, блиски пријатели и иселеници, како и од македонската амбасадорка во Германија Корнелија Утевска – Глигоровска и од амбасадорот во Холандија Никола Димитров.

Заедно со сопругата, Јохан ја посети и македонската црква „Свети Никола“ во Мајнц, Германија.

Шест години од затворската казна Јохан ги помина во Шевенинген, а од пред две години беше префрлен во затворот во Диц.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска