Генерал Мили: Ракетните тестирања на Северна Кореја не се закана за САД

Од:

Началникот на Генералштабот на американската армија, генерал Марк Мили, денеска изјави дека неодамнешните тестирања на ракети од среден дострел, што ги изврши Северна Кореја, не претставуваат особена закана за САД.

-Не мислиме дека тоа што се случи е особено провокативно и заканувачки за над, тоа можеби е поврзано со некои прослави во Северна Кореја, рече Мили, додавајќи дека не мисли дека станува збор за „намерна провокација кон САД“.

Генералот истакна дека истреланите проектили не биле особено големи, пренесоа британските медиуми.

Северна Кореја од својот источен брег вчера лансираше неколку проектили за кои има сомневања дека се крстосувачки ракети од мал дострел.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот