Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на Работнички се единствените со три победи по трите одиграни кола во кошаркарската Суперлига.
Шампионот МЗТ Скопје вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ го победи гостинот од Сарај, тимот на Лирија со 93:85.
На дербито во Кавадарци, домашниот Фени Индустри загуби од Работнички со 73:81.
Третиот дуел од овој круг вечерва се одигра во Куманово каде истоимената домашна екипа загуби од Кожув со 79:91. За лидерот во првиот дел од првенството ова е прва победа во новоформираната Суперлига, додека кумановци останаа без триумф и по 3.коло.
Табела: Работнички 3-0 (победи-порази), МЗТ Скопје Аеродром 3-0, Фени Индустри 2-1, Кожув 1-2, Лирија 0-3, Куманово 0-3.