ЕК утре ќе расправа за олеснување на рестриктивните мерки

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре ќе ги претстави критериумите и условите што земјите-членки треба да ги земат предвид при одлучувањето да ги укинат рестриктивните мерки воведени за борба против пандемијата Ковид-19.

– Ние нема да им кажеме на земјите-членки кога е време за нив да почнат со намалување на рестриктивните мерки. Одлуката зависи од секоја членка поединечно, а ние им препорачуваме критериуми и услови што сметаме дека треба да бидат земени предвид при одлучувањето, рече портпаролот на ЕК, Ерик Мемер.

Една недела по интервенцијата на земјите-членки, Европската комисија ја одложи презентацијата на т.н. „излезна стратегија“ од пандемијата Ковид-19, Урсула фон де Лајен ќе претстави „патоказ“ за прекинување на рестриктивните мерки.

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе воведе контрамерки на американските царини

Европа подготвува контрамерки за американските царини

ЕК ги подготвува граѓаните за војна: Обезбедете си храна и основни потреби за најмалку 72 часа

Горан Наумовски

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Лидерите на ЕУ повикуваат на зајакнување на конкурентноста, одбраната и поддршка во борбата против миграцијата

ЕУ ги одложи царините против Америка за еден месец