Руски туристи спротивно на египетскиот закон се качија на Кеопсовата пирамида. Приказната беше спроведена во текот на ноќта на 19 март. „Седмото светско чудо“ беше освоено во текот на ноќта без дополнителна опрема.
Како успеале да се качат? Велат дека пристигнале рано, само што бил отворен комплексот за посетители. Потоа се скриле и уживале во некоја ладовинка чекајќи да заврши работното време. Откако паднал првиот мрак успеале да се протнат незабележано од обезбедувањето и да направат куп фотографии меѓу кои се и овие.